Загреб добива прва Lego продавница на Балканот

63

lego

Во Загреб денеска се отвора првата LEGO® Certified Store на подрачјето на југоисточна Европа. На преку 150 метри квадратни во Арена центарот во Загреб, на купувачите ќе им биде достапен целиот асортиман на данскиот произведувач на играчки, јавуваат хрватските медиуми.

Покрај ексклузивните линии производи Lego Architecture и Lego Technic за архитекти и инженери, во понудата се вклучени и комплетите Lego Star Wars за љубителите на легендарните Војна на ѕвездите на Џорџ Лукас.

2

Во продавницата ќе има Pick-A-Brick ѕид, од кој купувачите сами ќе можат да си избираат коцки по сопствена желба и да ги купуваат на кило.

Во зависност од реакцијата на купувачите, Lego ќе донесе одлука за понатамошно ширење во регионот. Lego во Хрватска влегува во момент на силен раст на приходи, што го истурка на водечката позиција како најголем произведувач на играчки во светот.