Загреб ќе добие Силиконска долина

25

tehnologijaЗагрепскиот технолошки парк или загрепската Силиконска долина доби зелено светло и од Град Загреб и од Владата, со што почна подготовката на документацијата за повлекување средства од структурните фондови на ЕУ, пишува Пословни дневник.

Според директорот на Развојната агенција Загреб, Фране Шесниќ, технолошкиот парк во Загреб ќе биде еден од најголемите во јадранскиот регион. Ќе се простира на 20.000 метри квадратни, што е двојно повеќе од Силиконската долина во Инѓија, Србија, што ја гради индиската компанија Embassy група. Агенцијата проценува дека проектот ќе чини 30 милиони евра, од кои 75% ќе се покријат од структурните фондови на ЕУ.

Со овој проект Загреб ќе добие т.н. паметна претприемачка инфраструктура, клучна за поголем и побрз развој на стартапи, поттикнување на иновации, развој, раст и извоз. Според Шесниќ, големи меѓународни иргачи веќе се распрашувале за соработка.

Ако се оди според планот, изградбата треба да започне во пролет 2015.