И покрај епидемијата со Ковид-19, Загреб не се откажува од Адвент, еден од најдобрите предбожиќни пазари во Европа. Ќе бидат организирани помалку настани, бројот на штандови ќе биде помал, а ќе биде распрснат на неколку градски локации.
Манифестацијата ќе започне на 28 ноември под слоганот Адвент во Загреб, – почувствувајте светлина.
Бројот на куќарки и штандови од стотина ќе биде намален на дваесетина и ќе се продаваат само сувенири.
Популарните угостителски штандови овој пат не се дозволени. “Свечената“ храна и пијалак како колбаси и варено вино угостителите ќе го нудат само пред своите објекти во различни делови од градот. Угостителите проценуваат дека во Загреб ќе се задржат околу 4.000 работни места благодарение на Адвент.
Фото: Facebook