Загреб номиниран за најдобра европска дестинација во 2014

24

zagrebИнтернет порталот European Best Destinations го номинираше Загреб меѓу 20 европски градови за најдобра европска дестинација за оваа година. Покрај Загреб, номинирани се и Амстердам, Виена, Берлин, Барселона, Берген, Будимпешта, Кан, Глазгов, Кипар, Лондон, Мадеира, Мадрид, Милано, Порто, Париз, Прага, Рим, Стокхолм и Женева. Градовите се избирани врз основа на податоци од Евростат и според оценката на организаторот.

Гласањето започнува денес и ќе трае до 12 февруари.

European Best Destinations е настан што го организира европската непрофитна организација European Consumers Choice со седиште во Брисел, основана со цел да ги промовира културата и туризмот на Европа.

Гласањето се одвива електронски (линк). Минатата година, за најдобра европска дестинација беше избран Истанбул, Турција.