Загреб: Велосипедисти и пешаци ќе се движат во стаклена цевка над сообраќајниот метеж

45

staklena cevka zg

Проектот ’Стаклена цевка’ ќе ги поврзе центарот и Нов Загреб во хрватска престолнина, пишува Јутарњи лист.

staklena cevka zagreb 1

Идејата и визијата за овој проект е на Ивица Плавец, доцент на Катедрата за архитектонска конструкција на Архитектонскиот факултет во Загреб.

staklena cevka zagreb

Велосипедистите ќе можат да уживаат во возењето без семафори и без да им пречат пешаците или возилата. Пешаците ќе можат да се движат над велосипедската патека во стаклената цевка во која ќе има две подвижни патеки – една за прошетка, а другата за брзо движење. Овие патеки, во стаклената цевка долга 3,2 километри, ќе се напојуваат со енергија од соларни колектори.

staklena cevka zg 1

Според архитектот, оваа стаклена цевка, освен еколошките придобивки, ќе придонесе и за развој на туризмот во градот.