Загрепска банка воведе услуга за одобрување на кредити само преку Интернет

30

zagrepska banka

Загрепска банка воведе можност за одобрување на кредити само преку Интернет, без потреба да се оди во банката, пишува Пословни дневник.

Иако постојат банки што нудат можност за онлајн аплицирање за кредит, сепак останатите детали мора да се завршат во банка. Во овој случај, сите потребни активности се прават преку Интернет, а клиентот освен време, штеди и на трошоци за обработка на кредитното барање.

Најголемиот износ што може да се одобри на ваков начин е околу 6.600 евра (50.000 куни) со камата што се применува и во редовна процедура.

Поедноставената процедура ја овозможува сертификат за напреден електронски потпис во “облак“. Технички, банката го издава сертификатот којшто овозможува електронска идентификација, авторизација и потпис на договорот со банката преку мобилно или интернет банкарство.