Загрепската берза го зголеми сопственичкиот удел во Македонската берза

67

Загрепската берза се стекна со дополнителни 5,23 отсто од акциите на Македонската берза, со што сопственичкиот удел во оваа берза се зголеми на 29,98 отсто.
Така, Загрепската берза доби удел во Македонската берза, кој беше одобрен од македонскиот регулатор на пазарот на капитал. Имено, на крајот на јуни, Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија и даде одобрение на Загрепската берза да го зголеми својот удел на 30 проценти, пренесува SeeBiz.

Во последната трансакција извршена на 17 август, Загрепската берза се стекна со 146 обични акции на Македонската берза, што претставува процентуално учество од 5,23 отсто.

Загрепската берза го стекна својот прв удел во Македонската берза на крајот на 2019 година.

Тоа беше второ стекнување на удел во регионалната берза од страна на Загрепската берза, откако во 2015 година презеде 100 отсто сопственост на Љубљанската берза со преземање од Виенската берза.