Загрозени 200 милиони работни места во туризмот

28

Пандемијата доведе во прашање скоро 200 милиони работни места во туристичката дејност низ светот, прогнозира Светскиот совет за патувања и туризам (World Travel and Tourism Council – WTTC).

Поради затворање на границите, воведување на карантин и други рестриктивни мерки, светскиот туризам се најде на силен удар од пандемијата, а една година претходно сликата беше сосема поинаква.

Податоците говорат дека Германија бележи загуба од 38 милијарди евра поради намалениот промет во туризмот, додека во Франција минусот е 10 милијарди евра повеќе.

Хрватска е една од земјите на Медитеранот што со мало задоцнување ја почна летната сезона, но туристичките работници беа задоволни како оди работата, сè до оној момент кога почна да се влошува епидемиолошката слика во земјата.

Според проценките на тамошните туристички работници, во Хрватска без работа би можеле да останат и до 100.000 лица од оваа дејност.

Фото: Freepik