Загуба од 10,7 милиони денари за Теал од Тетово

55

teal-tetovo-1

Компанијата за производство на алуминиумски профили и легури, Теал од Тетово, оствари загуба од 10.740.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од 2015-та година, компанијата прикажа загуба од 9.754.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви септември оваа година изнесуваат 93.236.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 26.847.000 денари, а поголемиот дел од 66.389.000 денари е реализиран преку извоз.