Загуба од 164 милијарди долари за јапонски државен пензиски фонд за три месеци

56

Јапонскиот државен пензиско инвестиционен фонд, којшто е еден од најголемите во светот, прикажал загуба од над 164 милијарди долари, во првите три месеци од оваа година. Рекордната загуба е поради падот на акциите предизвикан од пандемијата на коронавирус.

Фонот во текот на овие три месеци забележал негативен поврат на вкупно вложените средства во акции од 10,7% во споредба со добивката од 4,61% во претходниот квартал, пренесува Ројтерс.

Очите на светската инвестициона јавност се вперени во овој фонд поради големината што ја има и какви промени може да предизвикаат огромните загуби.

Фото: Freepik