Загуба од 2,7 милиони денари за Велес Табак

149

denari iljadarki

Акционерското друштво Велес Табак од Велес прокнижи загуба од 2.746.000 денари, покажува билансот на успех за 2014 година објавен на Македонска берза.

Една година претходно, вкупната сеопфатна загуба на компанијата беше во висина од 3.281.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се во вредност од 1.485.000 денари, додека во 2013 година тие беа на ниво од 7.662.000 денари.