Вкупниот приход на трговските центри во Русија се пониски за 3,4 милијарди долари оваа година, поради пандемијата, рекол претседателот на рускиот совет на трговски центри, Дмитриј Москаленко.
“Според нашите проценки, падот на приходите во текот на карантинот и после тоа се околу 3,4 милијарди долари“, рекол тој.
Во првите четири месеци, приходите биле пониски од 80 до 100%, а скоро и да нема трговски центар кој имал загуби под 25%, пренесува Tas.
Во исто време, одложени се роковите за изградба на нови, поради што ќе доцни нивното отворање.
Фото: Freepik