Загуба од 9,9 милиони денари за Жито Полог

60

zito polog proizvodi

Жито Полог од Тетово во првите шест месеци од оваа година работеше со загуба од 9.935.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонската берза.

Вкупната сеопфатна загуба во истиот период лани беше на ниво од 15.460.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Жито Полог се 193.846.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 192.004.000 денари, додека остатокот од 1.842.000 денари се реализирани на странски пазари.