Акционерското друштво Мода од Свети Николе, во период од 01.01. до 30.09. оствари загуба од редовно работење пред оданочување во висина од 24.139.000 денари, стои во Образложението за остварените финансиски резултати.
“Загубата за овие девет месеци е скоро идентична на загубата од првите шест месеци од годината што укажува дека во периодот јули – септември остварените приходи ги покриваат направените расходи. Загубата главно се должи на намалените цени на услугите за странскиот партнер и нередовното снабдување со репроматеријали, особено во првото полугодие од годината“, се вели во Образложението.
Оствареното производство, како што се наведува, е за 83.000 конфекциски единици помало од истиот период лани, а остварениот извоз е за 684.000 евра помал од минатогодишниот.
Поради сето ова, приходите од продажба се за 23% помали од истиот период во минатата година, а расходите бележеа раст од 4%.