Захарова: Русија го поздравува предлогот на Кина за проширување на БРИКС

79

Руската Федерација го поздравува предлогот на Кина за проширување на групата на растечки светски економии попознати како БРИКС, но смета дека е прерано да се именуваат потенцијални кандидати за приклучување кон асоцијацијата, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захаровa.

„Проширувањето на петорката на БРИКС несомнено го заслужува целосното внимание на asocijacijata. Оваа година кинескиот претставник во БРИКС предложи да се интензивира работата на тоа и ние ја поддржуваме таа иницијатива“, рече таа на брифингот.

Захарова смета и дека темата за проширување е „обемна“ и „повеќекратна“.