Закажан првиот комерцијален лет во вселената

35

Приватната компанија Axiom Space откри дека ќе изврши прв комерцијален лет на Меѓународната вселенска станица (International Space Station -ISS), но тоа ќе се случи најбрзо во јануари 2022 година.

Axiom Space ќе лансира мисија која ќе биде прв лет досега кон станицата, која се наоѓа на 408 километри од Земјата.

Мисијата веќе го доби името Ах-1 и ќе ја предводи Мајкл Лопез-Алехрија, кој веќе бил астронаут на НАСА, бидејќи досега четири пати летал во вселената, а сега е потпретседател на Axiom Space.

Останатите тројца членови на тимот се приватните инвеститори – Американецот Лери Конор, Канаѓанецот Марк Пати и Израелецот Ејтан Стибе.

Екипата ќе плати по 55 милиони долари за својот билет, пишува Вашингтон пост.

Фото: Pixabay