Замена на домови – нов туристички тренд

88

Ви здодеа да барате приватно или хотелско сместување на местото каде што сакате да отпатувате? Во светот е распространет сосема нов начин барање и нудење сместување во исто време или swap exchange home. Тоа значи дека го нудите вашиот дом за сместување на странски гости, во чиј дом вие ќе имате прилика да престојувате.

За да може да се оствари тоа, потребно е да бидете дел од некоја интернет страница што е специјализирана за таа намена. Некои од интернет страниците имаа опција и за оценување на домовите, па врз основа на оценките да може да се одбере нечиј дом.

На овој начин може да се патува во странство без да се направат огромни трошоци за сместување. Меѓу предностите е и тоа што може да се запознаваат луѓе од различни земји со различна култура, традиција, јазик, обичаи.

На интернет постојат повеќе страници што нудат ваков вид на услуги, но бараат да се плати членарина за да се објави огласот.

Ова е еден сегмент од туризмот што има голем потенцијал за раст, а само преку еден од овие портали учествуваат над 200.000 домови за замена.

Фото: Pixabay