Заокружено третото тримесечје од МојДДВ

86

Управата за јавни приходи известува дека на 31 март 2020 година го заокружи третото тримесечје од МојДДВ. За месеците јануари, февруари и март 2020 година на граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе им бидат исплатени вкупно 343.803.953 денари или 5.590.000 евра. Во овој период скенирани се вкупно 49.946.278 фискални сметки, остварен е промет од 21.957.355.689 денари, со вкупен ДДВ 2.292.026.352 денари.

Споредбено со првите две тримесечја зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15% ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186.215.194 денари односно 3.028.000 евра, а за второто тримесечје се исплатија 233.176.601 денари или 3.791.000 евра.

Исплатата за месеците јануари, февруари и март ќе започне во мај 2020 година.

Управата за јавни приходи сè уште врши исплата за првото и второто тримесечје на сите оние граѓани кои имале грешки во податоците а во меѓувреме истите ги ажурирале.