Започна да работи најголемиот соларен колектор во светот

37

Обединетите Арапски Емирати го стартуваат најголемиот индивидуален соларен колектор во светот. Noor Abu Dhabi, лоциран во пустина во Абу Даби, е досега најголемиот проект од ваков тип, пишува Forbes.

“Сончевата фарма“ може да генерира 1,18 гигавати енергија, а зад проектот е компанијата Emirate Water and Electricity. Се состои во вкупно 3,2 милиони панели и обезбедува енергија за 90.000 луѓе.

Како што велат од компанијата, проектот може да отстрани еден милион метрички тони јаглерод диоксид од воздухот, што е еднакво на повлекување на 200.000 коли од патиштата. Noor Abu Dhabi не е финансиран од државата, туку е дело на конзорциум во којшто се вклучени Енергетската корпорација на Абу Даби, корпорацијата Marubeni од Јапонија и кинескиот производител на сончеви панели Jinko Solar.

Мега проектот чинеше 870 милиони долари, а во изградбата учествуваше индиската фирма Sterling & Wilson со вкупно 3.000 работници.

Фото: Pixabay