
Управата за јавни приходи (УЈП) денеска информираше дека започна исплатата на средствата за повратот на дел од ДДВ за првото тримесечје од 2026 година. Како што соопштуваат од Управата, процесот се одвива етапно, а средствата се префрлаат на сметките на граѓаните веднаш по обработката на налозите.
Според официјалните податоци, овој квартал кон 528.447 корисници ќе бидат исплатени вкупно 836 милиони денари.
Кај 4.968 корисници е утврден неточен податок за трансакциска сметка, поради што исплатата не може да се реализира се додека податоците не се коригираат.
Кај 7.560 корисници износот за поврат е помал од 50 денари, па средствата ќе бидат префрлени и исплатени во следниот квартал.
Напоменуваат дека доколку сè уште немате добиено средства од претходни или тековни исплати, да ги проверете податоците за вашата трансакциска сметка во апликацијата МојДДВ. Со точни податоци, исплатата ќе може непречено да се реализира











