Започна изградбата на проектот Белград на вода вреден 3,5 милијарди евра

65

belgrad na voda 1

Со поставување на камен темелник за изградба на две кули и официјално започна изградбата на проектот Белград на вода, вреден 3,5 милијарди евра, пишува Екапија.

Двете станбени кули ќе имаат 296 станови, односно околу 60.000 метри квадратни, а продажбата на принцип на регистрација на заинтересирани за купување ќе започне на трети октомври, кога ќе се знае цената за еден метар квадратен.

Српските власти велат дека околу 6.500 купувачи веќе се пријавиле за становите, а рокот за завршување на кулите е две ипол години.

Во изградба на овие објекти, како што е најавено, веќе се потпишани договори со српски компании.

Земјиштето на кое ќе биде изграден проектот е дадено на инвеститори на закуп на 99 години, а Србија наместо пари ќе добие удел од 32% во компанијата Белград на вода. Најмалку 50% од проектот мора да биде завршен во следните 20 години, додека рокот за завршување на проектот е 30 години.