Започна извозот на жито од украинската област Херсон во Русија

112

Украинската област Херсон почна да извезува жито од минатогодишната реколта во Русија, изјави денеска Тас Кирил Стремусов, заменик-шеф на воено-цивилната управа на тој регион, кој е под контрола на руската санага.

„Има места за складирање на нови култури, иако тука има многу жито. Луѓето почнаа да растовараат некои откако постигнаа договори со купувачите од Русија“, рече Стремусов за новинската агенција Тас.

Тој додаде дека во тек се преговори за испорака на семки од сончоглед за производство на масло во домашни и руски фабрики.

Тој, исто така, рече дека регионот Херсон се подготвува за жетва на зимски житни култури и дека „работата ќе започне на 20 јуни“.