Започна летната школа за дизајн и кодирање на Сивус

23

d9818045-e008-45e0-876e-49dd2a8dd946Во организација на Едукативниот и развоен центар на Сивус, вчера започна четиринеделната летна школа за дизајн и кодирање, под називот SEDC Summer Kingdom.

Заинтересираните, на отворениот промотивен ден имаа можност предавањата да ги посетат бесплатно, да се запознаат подетално со програмата, како и да разментат идеи со предавачите.

Во отворениот ден на SEDC Summer Kingdom, учесниците исто така се запознаваа, формираа работни групи и се забавуваа.

Освен добивање на нови знаења, учесниците на SEDC Summer Kingdom школата ќе добијат и можност да работат со врвни професионалци од индустријата и да создадат игри, апликации и решенија кои во иднина можат да им донесат големи придобивки. Посебен интерес на отворениот ден, учесниците покажаа за Gameathon – от на 16-ти jуни.

Маратонот за создавање игри кој го носи слоганот Твојата омилена игра може да изгледа онака како што ти ќе ја замислиш, во целост ги изедначува стремежите на гејмерите од Македонија со светските трендови во индустријата на игри.

Покрај работилниците и предавањата,  учесниците ќе имаат можност да го збогат своето знаење преку директни менторски средби со експертите од Seavus и FX3X. Најавени се и работилници за Microsoft, Java, Embedded, Adobe, кариерно советување и останати предавања кои освен едукативен, ќе имаат и забавен карактер.

Сите заинтересираните за учество ќе најдат повеќе информации на https://www.facebook.com/events/177190079112389