Започна месецот на штедење во НЛБ Банка

4

nlb banka

Од 26-ти овој месец, со организација на традиционалниот НЛБ Ден, започна месецот на штедење во НЛБ Банка чија тема оваа година е Штедење и хуманост.

За децата од различни основни училишта, на НЛБ Денот беше организирана посебна забавна и едукативна програма со претстава, квиз, делење подароци и цртање на тема Штедење и хуманост.

Во текот на НЛБ месецот на штедење, во период од 26-ти септември до 26-ти октомври, ќе трае акцијата за собирање цртежи, во којашто децата ќе имаат можност своите цртежи на тема Штедење и хуманост да го постават на посебната веб страница за таа намена stedenje.nlb.mk или да ги донесат во било која од експозитурите на банката.

По завршување на НЛБ месецот на штедење, во НЛБ Галеријата ќе биде организирана голем хуманитарна изложба на сите цртежи коишто ќе бидат собрани во текот на кампањата и за истите ќе се одржи продажна аукција. Собраните средства од аукцијата ќе се донираат во хуманитарни цели.

Најдобрите цртежи кои ќе добијат најголем број на гласови преку веб страницата и оние кои ќе бидат избрани од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници, како и секоја година, ќе добијат признанија и парична награда.