Започна претприемачката програма за финансии, дел од УСАИД проектот за микро и мали претпријатија

39

VLUU L100, M100  / Samsung L100, M100Во средата во просториите на ЦЕЕД Македонија беше одржан првиот модул од Претприемничката  Програма за Финансии на кои беа обработувани темите Финансии и Финансиски Менаџмент и Финансиска Анализа.

Учесниците на модулот учеа и дискутираа за следниве теми: принципи на сметководство, функции на финансиите, систем на финансиско известување, толкување на финансиските извештаи, анализа на финансиските извештаи, дискреција на менаџмент, како  и рацио анализа и толкување на коефициентите.

Претприемачката програма за финансии има вкупно осум модули и е дел од УСАИД проектот за микро и мали претпријатија кој се спроведува во четири региони. Проектот го поддржува растот на претприемачите и нивните микро и мали претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извозот и инвестиции.
VLUU L100, M100  / Samsung L100, M100

Проектот се спроведува низ три компоненти:

Компонента I – Програма за Претприемачи; Претприемачка Програма за Финансии

Компонента II – Услуги за Бизнис Поддршка

Компонента III – Приватен Капитал, Квази Капитал и Бизнис Ангел

Во Претприемничката Програмата за Финансии можат да аплицираат претприемачи и менаџери кои веќе поминале низ Програмата за Претприемачи, (критериуми за учество во Програмата за Претприемачи наменета за микро и малите претпријатија се: до 10 вработени, мали годишни приходи, мнозинска сопственост од Македонски граѓани, компании кои не се вклучени во некои од индустриите што УСАИД не ги подржува, и компани кои ќе гарантираат отварање на минимум едно работно место.

VLUU L100, M100  / Samsung L100, M100

Учесниците во програмата ќе имаат пристап до мрежа од над 200 успешни претприемачи и менаџери од Македонија со можност за воспоставување на корисни бизнис контакти и соработка, можност за клубски попусти за присуство на локални бизнис конференции, присуство на настани организирани во соработка со Амбасадата на САД и AmCham.

Исто така, учесниците ќе имаат можност да бидат промовирани и да ги нудат своите производи на бизнис порталот на ЦЕЕД www.bi.mk.