Започна пробното производство во втората фабрика на Џонсон Мети

66

мети-480x270Британската компанија Џонсон Мети започна со пробно производство во втората фабрика во Бунарџик, додека официјалното отварање на вториот погон е закажано за септември.

Вкупната инвестиција на британскиот инвеститор во вториот производствен погон изнесува околу 60 милиони евра, а се предвидува да бидат отворени 100 нови работни места.

“Вториот погон на Џонсон Мети во индустриската зона е целосно изграден и опремен и монтирани се сите потребни машини за производство. Британскиот инвеститор веќе неколку недели има пробно производство во втората фабрика во технолошко-индустриската зона во Бунарџик, а официјалниот старт на производството е најавен за септември, кога инвеститорот ќе ги заврши сите потребни подготовки во новиот погон”, изјави за Вечер Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки развојни индустриски зони.

Податоците велат дека дневно во Џонсон Мети се произведуваат 40 000 катализатори, а компанијата брои 400 вработени. Британската компанија започна со производство во Македонија на почетокот на 2010 година. Таа е најголем извозник од земјава и деветта најпрофитабилна компанија во Македонија.

Со реализација на оваа инвестиција вкупните вложувања на Џонсон Мети во Македонија ќе достигнат околу 120 милиони евра.