Започна производството на електричен Ford Focus во Европа

15

Ford-Focus-Electric

Компанијата Ford Motor денеска започна ново поглавје во својата производствена историја со почетокот на прозводство на новиот Focus Electric – првиот електричен автомобил целосно направен во Европа, во Сарлуи, Германија.

Focus Electric содржи напреден електричен мотор и литиумски акумулатор кој произведува 143 PS и постигнува максимална брзина од 136 км/ч.

Ford инвестираше 16 милиони евра да ја интегрира продукцијата на Focus Electric директно во постоечката производна линија на Focus во Сарлуи, обезбедувајќи флексибилност да се реагира на побарувачката од пазарот со зголемен производствен волумен. Секој Focus Electric е опремен со 6.6 kW целосно интегриран полнач кој може да испорача автономија од околу 100 км со 2-3 часа полнење и околу 150 км автономија со 3-4 часа полнење од 32 А приклучок на струја.

Focus Electric вклучува нов кориснички интерфејс наречен Паметен Мерач (SmartGauge) кој ги калкулира и ви ги прикажува опсегот на возење базиран на преостаната енергија; уникатниот начин на возење на возачот, преку сопирањето и забрзувањето како параметри; и употребата на останатите елементи од опремата како клима уредот и аудио системот.

Софистицираниот агрегат на Focus Electric користи регенеративни сопирачки за да опфати до 95% од кинетичката енергија која во нормални услови се губи во процесот на сопирање, додека иновативниот Тутор за Сопирање (BrakeCoach) поттикнува постепено сопирање, за да се врати повеќе енергија во батеријата.

Focus Electric од Сарлуи на европските потрошувачи ќе им биде достапен од август оваа година.