Започна Седматa годишна истражувачка конференција на НБРМ

29

Првиот работен ден од Седматa годишна истражувачка конференција на Народната банка на Република Македонија, насловена “Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“ заврши успешно.

По свеченото отворање со обраќање на гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, на Конференцијата беа презентирани истражувачки материјали на претставници на централните банки од Полска, Чешка, Индонезија и Австрија, на претставници на Европската централна банка, како и на претставници од истакнати академски институции од Италија, Шведска и од Македонија.

Дискусија за темите на истражувачките материјали имаа и претставници на Лондонската школа за економија, Европската централна банка, Универзитетот од Орлеанс, Франција и од Народната банка на Република Македонија. Беа разгледани повеќе различни, но важни прашања од областа на централното банкарство, меѓу кои: реалната конвергенција на земјите од регионот, финансиската интеграција и двигателите на странските директни инвестиции, влијанието на нормализацијата на монетарната политика во развиените земји врз земјите од Централна и Источна Европа, отпорноста на кризи, банкарските ризици, капиталните барања за банките и пристапот до финансии во земјите од регионот. Учесниците на

На Конференцијата беше врачена Годишната награда за најдобар труд на млад истражувач од областа на макроекономијата и банкарството. Годинава, му е доделена втора награда на младиот истражувач Кирил Симеоновски, за трудот “Економски раст во услови на оптимално управување со јавниот долг во Македонија”.

Оваа конференција претставува можност за размена на искуства со претставниците на пошироката меѓународна заедница за клучни прашања од областа на макроекономијата, монетарната политика и финансиската стабилност, како за претставниците на НБРМ, така и за домашните банки и другите финансиски институции.