Започна со работа српската берза на електрична енергија

40

sijalici poveke

Српската берза на електрична енергија, SEEPEX вчера започна со работа во Белград и на првиот ден на тргувањето се направени трансакции во вредност од 1.925 мегават часови, пишува Танјуг.

Берзата на електрична енергија е формирана од страна на Електромрежа Србија и Европската берза за електрична енергија Epex Spot. На првиот ден на берзата е постигната вредност од 23,83 евра за мегават час што, како што се наведува, е исклучителен резултат.

“Берзата ќе донесе голема корист за учесниците на пазарот и економијата во целина, како и на сите купувачи на електрична енергија во Србија“, изјави извршниот директор на SEEPEX, Милош Младеновиќ.

Според него, за учество на српската берза на струја во овој момент се регистрирани пет компании коишто покриваат најголем дел од ликвидноста на пазарот на големо. Благодарение на SEEPEX, како што се наведува, ќе се знае колкава ќе биде цената на пазарот на големо, со оглед на тоа што во Србија 50% од пазарот е либерализиран.