Започнува глобалната недела за претприемништво

34

Глобалната недела за претприемништво годинава за првпат ќе се одржува на национално ниво, со цел да се поттикне претприемачкиот потенцијал кај младите во државата.

Од утре до недела, ќе бидат организирани вкупно 14 настани во Скопје, Тетово, Битола, Штип и Дебар. Настаните се во организација на асоцијацијата Стартап Македонија во соработка со вкупно 24 партнери.

Еден од главните гости, како што најавуваат организаторите, ќе биде Џон Калиан, директор на Телеком иновациски лаборатории од Берлин, кој во среда ќе говори на настан организиран од Бизнис акцелераторот УКИМ и Иннофеит.

На тема И стартап е опција, утре на Правниот факултет во Штип ќе говори Кжиштоф Малицки, советник на ректорот при Универзитетот во Гдањск, Полска, а во четврток на настанот што го организира Стартап Македонија за промоција на првата верзија на дигиталната платформа за поврзување на екосистемот, ќе присуствуваат говорници од екосистемите од Албанија, Косово, Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина.

Неделата за претприемништвото предвидува и три настани од натпреварувачки карактер и тоа старт – ап натпреварот IdeaMakers Challenge во организација на Универзитетот Американ колеџ Скопје, како и pitching натпреварите Бетахаус Скопје 2019 во организација на Бизнис акцелераторот УКИМ и pitching-от на стартапи пред Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија.

Глобалната недела на претприемништвото се одржува во 170 држави низ светот. Целта е преку настаните организирани во текот на неделата да се стимулира развојот и подобрувањето на условите за водење бизнис на глобално ниво.