Започнува изградбата на Лувр Абу Даби

50

Abu-Dhabi-Museum-468x292Абу Даби ќе добие свој Лувр. Наскоро ќе бидат поставени темелите на оваа долго очекувана градба, откако пред неколку дена одговорните за овој голем проект дадоа зелено светло.

Планот за изградба на музејот беше првично објавен во Париз во 2007 година. Тогаш беше најавено дека музејот ќе биде свечено отворен во 2012.

Но според новиот план, “лебдечката” уметничка галерија вредна 654 милиони долари ќе биде отворена во 2015. Зданието ќе се простира на 64.000 метри квадратни вклучувајќи 9.200 метри квадратни простор за изложба.

article-2258928-16CEC34E000005DC-696_634x481

Според планот на архитектот Жан Нувел, добитник на Прицкеровата награда, музејот ќе има големи плоштади, павилјони и канали кои ќе потсетуваат на древна арапска архитектура.

Лувр Абу Даби, како што ќе биде наречен, ќе одигра главна улога во културната трансформација на Емиратите. Музејот на врвни уметнички дела ќе биде изграден на островот Садијат блиску до Гугенхајм Абу Даби и Националниот музеј Зајед, кои се планирани да се изградат во 2017, односно 2016.

article-2258928-16CEC337000005DC-501_634x428

Абу Даби плати приближно 1,3 милијарди долари за да може да го користи името Лувр 30 години како и Парискиот музеј за сместување на уметничките дела и екпертиза додека трае тој период.