Започнува караванот Награди за насмевки од Жито Маркети

24

zito

Жито Маркети го стартува својот караван Награди за насмевки, со кој во наредните неколку месеци ќе ги посети скоро сите општини во кои имаат отворено свои маркети, каде ќе приредат забава и изненадувања за сите Жито потрошувачи.

Започнувајќи од 4 април 2015 година, караванот на Жито ќе тргне од Велес, од Жито Ване,  каде за сите посетители ќе обезбеди голем број неверојатно ниски цени, дегустации, изненадувања и подароци. Како дел од настанот, потрошувачите ќе можат да го завртат и тркалото на среќата кое носи вредни изненадувања. За најмладите се подготвени балончиња, рамки за фотографирање со познати ликови од омилените цртани филмови, како и цртање на лицето со природни бои.

Со тргнувањето на караванот Награди за насмевки, Жито Маркети ги повикува сите граѓани на Велес во сабота од 10.00 до 15.00 часот да дојдат и го посетат маркетот Жито Ване и да учествуваат во заедничкото дружење и во забавата дополнета со музика и многу изненадувања.