Започнува манифестацијата Европскиот ден на претприемачот

19

2010051020574457Во Македонски Бизнис Центар на Скопски саем, под мотото SMART prenuership за развој и напредок денес започнува манифестацијата Европски ден на претприемачот и Европска недела на мали и средни претпријатија во организација на Европска бизнис асоцијација.

Манифестацијата има за цел да го промовира претприемништвото, креативноста и иновативноста, но исто така и да ги информира претприемачите за поддршката која им се нуди преку разните форми за нивен развој, кои се достапни во програмите на Европската Унија, националните и локалните програми.

На манифестацијата ќе се обрати министерот за економија Ваљон Сарачини, а на панел дискусијата ќе учествува вицепремиерот Владимир Пешевски.