Започнува Саемот на книгата на Клуб Матица

52

22804Денес започнува 13-от Саем на книгата, на издавачката куќа Матица, наречен Книга во секој дом, кој се одржува во просториите на книжарница. Како и претходините години, така и оваа, во понудата ќе бидат вклучени изданија од различни области, од домашни и светски автори, книги за деца и енциклопедии, со попуст од 10 до 80%.

“Нашата девиза е дека културата се создава, а традицијата се негува и одржува. Така и оваа година, со нови 100 наслови и повеќе од милион книги во вкупната понуда како бројка, со просечна цена од 120 денари, решени сме да го оправдаме нашиот основен слоган Книга во секој дом”, соопшти Клуб Матица.

Љубителите на пишаниот збор ќе можат да го посетат Саемот, било кој ден до средината на февруари. Во рамки на настанот ќе се одржуваат промоции и средби на читатели и писатели. Првата средба ќе биде денес напладне со писателот Блаже Миневски и неговата најнова книга Црна лисица.

Саемот на книгата на Клуб Матица ќе се одржува и во другите поголеми градови низ државава.