Започнува Саемот на турски извозни производи

22

saem-2-Во Метрополис арената на Скопски саем денес започнува третиот Саем на турски извозни производи што го организира Меѓународната саемска организација Меридијен и Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).

Саемот ќе трае до сабота, а посетителите ќе имаат можност да видат производи на околу 40-тина турски компании од областа на текстилот, козметиката, земјоделството, логистиката, туризмот, градежништвото, образованието.

Дел од компаниите веќе се присутни на македонскиот пазар, а останатите за првпат ќе се претстават пред македонските потрошувачи.

Свој штанд ќе имаат и Трговската комора на Ескишекир и Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).

Влезот е слободен, а Саемот ќе биде отворен од 10 до 18 часот.