Во Скопје Сити Мол ќе се одржи Саем за деца и семејство. Саемот започнува на 15 мај, петок и ќе трае до 17 мај, недела.
Посетителите ќе се дружат и забавуваат со Трајче Георгиев и Златните Славејчиња, омилените детски маскоти и живи рептили, ќе има разни спортски активности, забава за најмалите. Ќе настапуваат училишни хорови и други секции од училиштата. Републичкиот Совет за Безбедност на сообраќајот на патиштата ќе реализира едукативни предавања за важноста на детските седишта во автомобилите, велосипедистите и пешаците.
Сите посетители имаат можност да учествуваат во играта на лојалност и да освојат патување за целото семејство во Дизниленд во Париз, телевизор, тaблети, велосипеди или други вредни подароци.