Започнува Светскиот економски форум во Давос

15

davos-2017

Туристичкото место Давос во Швајцарија е домаќин на 47-от Годишен состанок на Светскиот економски форум. Настанот се одржува од денеска до 20-ти јануари под наслов “Отворено и одговорно лидерство“, пишува Хуријет.

Над 2.500 учесници од околу 100 земји учествуваат на над 300 сесии со различни теми.

Целта на овој годишен состанок е да се повикаат глобалните лидери да ги обноват системите што ја поддржуваат меѓународната соработка во минатото и да се прилагодат на современиот свет за да може да се поттикне инклузивен и рамномерен раст.

На овој состанок ќе присуствува и Си Џинпинг, кој е првиот кинески претседател што го посетил Давос. Меѓу другите гости ќе биде и новиот американски претседател Доналд Трамп, британската премиерка Тереза Меј и многу други.

Основач на овој елитен политички и економски форум во Давос е Клаус Шваб, кој изјави дека овогодишниот состанок се одржува во “неверојатен историски момент“ кога се случува трансформација во индустријата и општеството. Тој изјави дека во светот владее општ песимизам и пред делегатите во Давос порача дека во иднина мора да имаат повеќе самодоверба, да ги поправат недостатоците во капиталистичкиот систем и долгорочно да размислуваат.

Швајцарското место Давос, каде секоја година се одржува овој форум, во текот на целата година изгледа како и сите останати алпски села, но пред почетокот на состанокот се претвора во тврдина со силно обезбедување.