Започнува светскиот економски форум во Давос

23

??????????????

Голем број политичари и бизнисмени ќе дискутираат на глобални теми во рамки 45-тото издание на светскиот економски форум (WEF) во монденското место во Швајцарија – Давос.

Форумот трае од денеска до 24-ти јануари, а на него ќе учествуваат повеќе од 2.500 учесници, меѓу кои има 40 шефови на држави и влади, како и познати менаџери на најпознатите светски компании, јавува Танјуг.

Еден од најголемите економски настани се одвива во услови на немири, но и зајакната подготвеност на силите за безбедност по нападите во Париз, потенцијалните одлуки на Европската централна банка да ја почне програмата за обврзници и рекорден пораст на вредноста на швајцарскиот франк.

Гардијан направи сублимат на едни од најважните теми кои ќе се најдат на дневен ред на светската елита, а меѓу нив се климатските промени, политичката нестабилност во светот, пандемии од заразни болести, технологија, олеснувања и поддршка од институциите, неедкавоста во светот и нафтата.

Претседалот и основач на WEF, Клаус Шваб, изјави дека лидерите во денешни услови се соочуваат со нови предизвици поради нивната сложеност, брзина и меѓусебна поврзаност.

“Приоритет во 2015 година ќе биде пронаоѓањето на начин за нивно надминување. Затоа задача на секој лидер е не само да обезбеди оддржлив раст, туку и повторно да ја врати довербата“, вели Шваб, стои на интернет страницата на WEF.

Британски Телеграф направи листа на 13 личности кои најмногу ќе го привлечат вниманието на светската јавност во Давос. Меѓу нив се германската канцеларка Ангела Меркел, Џорџ Озборн – британски канцелар, италијанскиот премиер Матео Рензи, гувернерот на Народната банка на Јапонија Харихуко Курода, неговиот британски колега Марк Карни, економистот Лари Самерс, пејачот Фарел Вилијамс, музичарот Will.i.am, главниот оперативен директор на Facebook Шерил Сендберг, главниот и извршен директор на General Motors Мери Бара, извршниот претседател на Google Ерик Шмит, Бил и Мелинда Гејтс и претседателот на WPP, Сер Мартин Сорел.