Започнуваат Денови на образование и кариера 2014

18

На 17-тите Денови на образование и кариера 2014 што од денес до сабота ќе се одржат во хала 2 на Скопскиот саем, ќе се претстават триесетина високо образовни институции од земјава и странство.

На манифестацијата ќе учествуваат 17 домашни и 13 странски изложувачи, како и институции од Македонија, Грција, Бугарија, Словенија, Чешка, Унгарија, Русија, Германија, Словачка, Италија, Швајцарија, Велика Британија, САД и Кина.

За време на саемот ќе се вршат презентации на образовните програми на учесниците, а посебен акцент ќе биде ставен на стипендиите, односно можностите за стипендирање за студии надвор од земјава.

ХУЛТ меѓународната бизнис школа, која е една од врвните 100 бизнис школи во светот ќе додели 20 деловни стипендии до 50% партиципација во школарината, за бизнис администрација. Во делот на техничките науки Средноисточниот техничкиот универзитет МЕТУ, најдобриот Универзитет за технички науки од Турција, нуди 20 стипендии за додипломнски и постдипломски студии. Пекиншкиот технолошки институт, најдобриот технички институт во Кина, рангиран во топ 10 најдобри во Азија ќе додели 20 целосни стипендии за македонски студенти на стипендиски програми на кинеската Влада, на општинско ниво во Пекинг и за размена на студенти, а Поли – дизајн конзорциумот на Политехничкиот универзитет во Милано, една од најдобрите школи за дизајн во Италија нуди 10 стипендии со 50% партиципација од школарината за магистерски студии.

Манифестацијата Денови на образование и кариера 2014 ќе биде отворена од 10 до 20 часот, а влезницата ќе чини 30, односно 20 денари за организрани групни посети.