Запознајте ги најбогатите луѓе во Азија

48

Бизнис инфо ве води на најголемиот континент во светот каде луксузот не заостанува, особено во Хонг Конг, Индија и Саудиска Арабија. Кои се најбогатите луѓе во Азија и на што се должи нивното богатство… во продолжение.

Роберт Куок, Малезија

robert-kuok

Вредност 12,4 милијарди долари

Освен од многуте бизниси  во Малезија, компаниите на Куок инвестираат и во многу земји низ Азија. Неговите бизнис интереси се движат од шеќерна трска, храна за животни, пронаоѓање на нафта, па се до хотелиерство. Оженет, татко на осум деца.

Мухамед Ал Амуди, Саудиска Арабија

alamodi2

 Вредност 12,5 милијарди долари

Поголемиот дел од богатството на Амуди се должи на инвестициите во бизнисот со недвижнини. Тој е сопственик на рафинерии во Шведска и Мароко и исто така придонесува многу за земјоделието во Етиопија. Оженет, татко на осум деца.

Ченг Ју-тунг, Хонг Конг

cheng-yu-tung

 Вредност 16 милијарди долари

Богатството на Ченг доаѓа од бизнисот со недвижнини, тој е сопственик е на Chow Tai Fook Enterprises, интернационална компанија. Сепак главниот извор на средства на овој богат човек е од бизнис со накит. Оженет, татко на четири деца.

Принцот Алвалид Бин Талал Алсуд, Саудиска Арабија

power-500-master-gallery-img-226562

 Вредност 18 милијарди долари

Арапскиот Ворен Бафет е член на кралското семејство на Саудиска Арабија. Освен од семејното богатство принцот своите пари ги добива и од инвестирање во недвижнини и тргување со акции. Оженет, татко на две деца.

Ли Шау Ки, Хонг Конг

lee-shau-kee

Вредност 18 милијрди долари

Своето богатво Ли го темели на профитот на неговите холдинзи, како и на тргувањето со акции. Разведен, татко на пет деца.

Томас и Рејмонд Квок, Хонг Конг

C403X0258H_2012資料照片_N71_copy1

 Вредност 18,3 милијарди долари

Овие браќа поседуваат дел од телекомуникацискиот оператор смартфон-водафон, како и градската автобуска станица. Фамилијата Квок исто така се занимава и со недвижнини.

Лакшми Митал, Индија

lakshmi_mittal_1

Вредност 20,7 милијарди долари

Митал е одговорен за бизнисот со челик во Индија, извршен директор и основач на на компанијата Arcelor Mittal. Оженет, татко на две деца.

Мукеш Амбани, Индија

1-mukesh-ambani

 Вредност 22,3 милијарди долари

Амбани е сопственик на најпознатата компанија во Индија за петрохемикалии, нафта и гас. Оженет, татко на три деца.

Ли Ка-Шинг, Хонг Конг

li-ka-shing

 Вредност 25,5 милијарди долари

Ка-Шинг е претседател на Hutchison Whampoa Limited (HWL) и холдингот Cheung Kong. Тој е најголемиот светски трговец на производи за убавина и здравје. Вдовец, татко на две деца.