Запознајте го Мајкл – гејмерот на иднината

70

Без разлика на тоа дали поради новонастанатата ситуација, на работа или дома, поминувате доста време пред компјутер, треба да знаете дека ако не внимавате можете да се соочите со одредени здравствени потешкотии.

Online Casino направи истражување според кое може да се увиди како би изгледал гејмер, кој со часови поминува пред компјутер. Од тоа истражување произлезе Мајкл – гејмерот на иднината. Неговиот изглед покажува како би изгледале доколку поминуваме многу време пред компјутер, а во исто време не се движиме во природа и не сме физички активни.

Недостатокот на сон, дехидратација поради недоволно внесување на течности, недостиг од витамин Д, поради неизлегувањето надвор, проблеми со видот… се само некои од проблемите со коишто Мајкл би се соочил за 20 години.

Податоците покажуваат дека еден просечен играч на видео игри поминува шест часа неделно играјќи видео игри, што е зголемување за 19,3% во споредба со претходната година. Гејмерите во Велика Британија поминуваат најмногу време (7,15 часа неделно). Професионалните играчи се најизложени, бидејќи дневно поминуваат и по 18 часа, играјќи видео игри.

Истражувањето, исто така, покажува дека би можеле да се појават значајни деформитети поради долгото седење пред компјутер. На пример, би можеле да се појават “дупки“ на черепот поради постојаното носење на слушалки што го притискаат черепот, а недостаток од циркулација на ушите може да предизвика зголемен раст на влакна во ушниот канал. Поради недоволно изложување на сонце, ќе се појави недостиг на витамин Д, што предизвикува проблеми со коските и опаѓање на косата. Недоволното спиење, според ликот на Мајкл, доведува до појава на темни подочници, како и крвави очи поради долготрајна изложеност на екранот.

Фото: Online Casino