Запознајте го “најмистериозниот“ човек во Давос

212

Садгуру е човекот кој привлече значително внимание на Светскиот економски форум во Давос оваа година.

Тој собра многу симпатии, а многумина се обидоа да го слушаат или да се сликаат со него. Тој шета по ходниците на самитот, но исто така игра важна улога. Садгуру е клучен говорник на самитот и е дел од панелот, “Шампион за платформата од три милијарди дрва“.

Тој одржува утрински сесии за медитација и хипноза за учесниците. Јаги Васудев (1957) познат и како Садгуру, е индиски инструктор по јога, кој се цени и почитува во Индија како најзначајниот гуру. Во 1992 година, тој ја основа Фондацијата Иша, која беше вклучена во разни активности од областа на духовноста, образованието и животната средина.

На лидерите на самитот изгледа им треба медитација 🙂

Фото:Printscreen