Запознајте се со можностите за студирање во Канада

29

images (1)Образовниот информативен центар Скопје и Канадската амбасада од Белград ги покануваат сите кои се заинтересирани да дознат повеќе за можностите за студирање во Канада, програмите за студирање и работа како и за понудените стипендии, на настанот Денови на Канада кој ќе се одржи во Скопје во организација на Образовниот информативен центар Скопје и Канадската амбасада од Белград, во периодот од 25-27 април.

Канадските академски квалификации се признати и почитувани во целиот свет. Меѓународните студенти се важен дел од канадската разновидност, тие имаат можност да бидат дел од едно гостопримливо и динамично општество кое нуди уникатно културно искуство во една безбедна и убава околина.

Промоцијата на програмите за студирање во Канада вклучувајќи ги и програмите за работа и студирање, како и програмите кои нудат стипендија за меѓународни студенти, ќе биде презентирана во НУБ Св. Климент Охридски – Скопје, во центарот за конференциски студии на 25 април од 12-16 часот во соработка со ОИЦ (Образовен информативен центар).

Во 13 часот ќе се одржи специјална едночасовна презентација за начинот на аплицирање и постапките кои водат до добивање студентска виза презентирана од страна на претставник од канадската амбасада. Повеќе информации за студирање во Канада ќе бидат достапни на посебен штанд за Канада кој ќе биде поставен на 27 април, сабота во City Mall.

Канадските програми за литература ќе бидат презентирани во соработка со издавачки куќи од Македонија кои објавуваат дела на канадски автори на албански и на македонски јазик. Во соработка со издавачките куќи Икона и Шкупи, настанот Денови на канадската литература во Скопје ќе биде поддржан со присуството на канадските писатели Криста Јохансен и Дејвид Шаранди.

Главниот литературен настан кој ќе се одржи на 26 април во 11 часот во НУБ, ќе го отвори Канадскиот амбасадор г-дин Роман Вашук. Настанот ќе биде предводен од Александар Прокопиев и Фадил Цули во присуство на двата канадски автори. На 26 и 27 април, Криста Јохансен и Дејвид Шаранди ќе имаат неколку други промотивни настани, вклучувајќи предавање на универзитет, промоции на книги и потпишување книги. Овие настани ќе се одржат на неколку локации: библиотеката Кочо Рацин, Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Книжарница во чаршија во Старата скопска чаршија и книжарница Икона во City Mall.