Запрен шестдневниот пад на цените на нафтата

46

Шестдневниот пад на цената на нафтата, предизвикан од сомнежите на трговците поради третиот бран од пандемијата, денеска е запрен.

Цената на фјучерсите на севeрноморската нафта Брент, утрово е зголемена за 82 центи на 64,09 долари за барел, додека американската WTI нафта порасна за 88 центи на 60,88 долари за барел, пренесува Ројтерс.

Падот на цените ги намали добивките остварени во претходните четири недели и тоа за само еден ден.

Дел од експертите изразиле загриженост поради влошување на односите меѓу САД и Русија.

Најголемиот извозник на нафта во светот, Саудиска Арабија во јануари ја зголеми испораката на 6,58 милиони барели дневно, а минатиот месец беше на ниво од 6,49 милиони барели.

Фото: Pexels