Zara се извини за пижамите со риги и жолта ѕвезда

23

zara

По големите реакции на социјалните медиуми, шпанскиот моден бренд Zara ја повлече од продажба детската пижама “Шериф”, која потсетува на униформите што ги носеле затворениците во нацистичките концентрациони логори за време на Втората светска војна, пишува израелски Haaretz.

“Спорниот предмет е повлечен од сите продавници на Zara и од Zara.com. Парчето облека беше инспирирано од вестерн филмовите, но сега увидовме дека дизајнот може да биде сфатен како нечувствителен и се искрено се извинуваме ако сме ги навредиле чувствата на нашите клиенти”, вели портпаролот на Inditex, сопственикот на Zara.

Ригите на пижамата на Zara се хоризонтални, за разлика од вертикалните на униформите во логорите, а на жолтата ѕвезда горе лево пишува “шериф”, но не е доволно видливо, па целото парче облека буди болни спомени на Холокаустот.

Артиклот беше понуден во неколку држави, вклучувајќи го и Израел. Zara на Twitter се извини на неколку јазици.