Заработката од туризмот во Црна Гора може да биде поголема од 2019 година

77

Претсезоната беше толку добра што можеме да се надеваме дека заработката од туризмот годинава ќе надмине милијарда евра од рекордната 2019 година, најави генералната директорка на Дирекцијата за развојни политики во туризмот на Црна Гора, Александра Гардашевиќ Славуљица.

– Податоците на Централната банка (ЦБЦГ) за првиот квартал годинава се многу добри, каде имаме пораст од 162 отсто во однос на минатата година, а тоа е ветувачки тренд од претсезоната, а нашите оптимистички прогнози за сезоната се базираат на ова – објави таа Гардашевиќ Славуљица во утринската програма на ТВЦГ.

Таа потсети дека во првите шест месеци Црна Гора ја посетиле околу 900.000 туристи, што се подобри резултати од лани и рекордната 2019 година, пренесува порталот РТЦГ.

Гардашевиќ Славуљица рече дека ова е за 40 отсто повеќе туристи во споредба со минатата година и за 16 отсто повеќе од 2019 година.

– Во тој период во хотелите се евидентирани околу 580.000 гости, што е зголемување за 40 отсто во однос на лани и 15 отсто во однос на 2019 година – рече Грдашевиќ Славуљица.

Како што додаде таа, во првото полугодие имало 300.000 туристи во приватно сместување, што е исто така зголемување за 43% во однос на лани и 20% во однос на 2019 година.