Заработуваат милијарди продавајќи фалсификат производи

57

Безвредни заштитни маски, брзи тестови кои не функционираат… За време на пандемија, измамниците заработуваат милијарди од фалсификувани производи. Но, медицинските помагала не се единствената област каде што пиратеријата зема замав.

Пандемијата отвори нов огромен пазар, вели Пол Мејер, директор на Европската канцеларија за повреда на правата на интелектуална сопственост. Маски, брзи тестови, средства за дезинфекција… сето ова сега е област на пиратерија.

Бевме во ситуација кога индустријата не беше во можност веднаш да ги произведе овие материјали во количината што ја бара пазарот. Фалсификаторите беа навистина брзи“, вели Мејер.

Само неколку дена откако беше забележан недостаток на заштитни маски минатата пролет, пазарот беше преплавен со понуди од Кина. Честопати маските од Далечниот исток не ги исполнија условите пропишани од ЕУ, пишува Deutsche Welle.

“Оние луѓе што ги прават не се тривијални криминалци. Тие се многу злобни. Тие реагираат толку брзо и организирано“, вели Мејер.

Купувањето преку Интернет ја олеснува измамата

Најмногу се фалсификува електроника, облека, играчки и козметика. Минатата година, плагијатите изнесуваа дури 7% од стоките увезени во ЕУ – што значи дека околу 120 милијарди евра се дадени на фалсификувана стока – и тоа само во Европската унија. Три четвртини од ваквите производи доаѓаат од Кина.

Мајер вели дека пандемијата ја олесни  пиратеријата, бидејќи трговијата преку Интернет доживеа вистински бум.

Во текот на минатата година, повеќе од 70% од Европејците купувале преку интернет, но и понатаму се загрижени поради можни фалсификати.

Една третина од Европејците (33%) имале дилема дали производот што го купиле бил оригинален.

Мајер препорачува да се купува преку проверени онлајн продавници или оние чија интернет-адреса започнува со https. Овие се обично побезбедни од оние што започнуваат со класичниот http.

Фото: Pixabay