Заштитна, мека кацига што се стврднува при удар

53

ANTI Ordinary A1 е мека кацига што благодарение на својот уникатен дизајн се стврднува само при удар со што ја штити главата при пад. Кацигата е дело на студенти од Технолошкиот факултет во Квинсленд, Австралија, пишува New Atlas.

Внатрешниот слој е од мерино волна, а надворешниот е акрилен, па така кацигата не задржува влага, не предизвикува алергии, лесно се пере и е издржлива на секакви услови.

Помеѓу овие два слоја се наоѓа мешавина од специјална течност, составена од честички што при удар се судираат меѓусебно со голема брзина, а во нормални услови ја одржуваат супстанцата мека. Резултат на ова е стврднувањето на материјалот, што е клучен елемент на A1.

Кацигата е дебела 23 милиметри, а тежи 750 грама.

Следниот месец ќе има и своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter и доколку биде успешна нивната цена ќе изнесува 119 долари.

Фото: ANTI Ordinary