Заштитна паметна маска што го “чисти“ говорот

165

Заштитните маски најверојатно уште долго време ќе бидат дел од нашите животи. Па затоа, расте бројот на иновативни маски, што освен примарната задача, ќе го олеснуваат и секојдневното функционирање. Дали ви се случило ако сте во постојана комуникација со луѓе и мора нон стоп да ја носите маската, тешко да ги разбирате што сакаат да ви кажат или што сакате вие да им кажете.

Јапонски иноватори имаат решение за овој проблем. Се работи за C-Mask, заштитна маска што се става врз друга маска, а во себе содржи микрофон и во комбинација со паметен телефон ја олеснува комуникацијата и покрај задолжителната социјална дистанца. Микрофонот што е во внатрешноста на маската го нотира она што ќе го каже корисникот, го испраќа преку Bluetooh на телефонот и го транскрибира со помош на алгоритам за препознавање на говор  го пренесува звукот преку звучникот на телефонот за да може лицето од другата страна јасно да го чуе тоа што се зборува.

Освен тоа, апликацијата што ја следи маската нуди можност за превод на осум светски јазици, за да може во текот на патувањето корисникот лесно да комуницира со другите луѓе.

Зад оваа маска стои Donut Robotics од каде наведуваат дека планираат да ја надградат маска и да ја дополнат со нови можности.

Цената за претнарачки на оваа маска е околу 35 евра.

Фото: Donut Robotics