Заштитните маски ги “убија“ кармините, маскарата ги живее своите пет минути

42

Пандемијата вмеша “прсти“ и во козметичката индустрија, бидејќи луѓето да се заштитата од заразата носат маски за лице, што е покриено поголемиот дел од денот, па нема потреба од впечатливи козметички производи.

Аналитичарите сметаат дека иако опаѓа продажбата на кармини, ова е можеби потенцијал за зголемување на побарувачката на маскара, бидејќи сега очите се во преден план.

Карминот, инаку, има своја симболика во борбата против кризите низ коишто поминувал светот во минатото. Станува збор за таканаречениот lipstick index (кармин индекс), којшто го измисли Леонард Лаудер од компанијата Estee Lauder, за да покаже колку е зголемена продажбата на козметички препарати и шминка во текот на рецесијата, ан почетокот на овој век. Тогаш жените масовно купувале кармини, бидејќи не биле во можност да си дозволат луксузни чанти или чевли.

Иако опаѓа продажбата на кармини, онлајн трговците бележат зголемен интерес за шминка за очи и лакови за нокти.

Фото: Pexels